ЦЕНОВНИК ЗА УЧЕСТВО ВО ТУРНИРОТ
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ТУРНИРОТ
СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО ОБЗОР И БЈАЛА - ФОТОГРАФИИ
ОБЗОР И БЈАЛА - ФОТОГРАФИИ ОД ОДМАРАЛИШТАТА
ХОТЕЛ ''АРГО'' ВО ОБЗОР - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''ЈАСМИН'' ВО БЈАЛА - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
АПАРТХОТЕЛ ''АНИКСИ'' ВО ОБЗОР - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''ЗЕЛЕНИОТ РАЈ'' ВО ОБЗОР - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''АМИГОС'' ВО ОБЗОР - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ТУРНИР НА ЈУЖНОТО ЦРНО МОРЕ 2017 - ПОБЕДНИЦИ
ТУРНИР НА ЈУЖНОТО ЦРНО МОРЕ - ФОТОГРАФИИ
ТУРНИР НА ЈУЖНОТО ЦРНО МОРЕ - УЧЕСНИЦИТЕ НА ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР ВО ПРЕДНИТЕ ГОДИНИ
ТУРНИР НА ЈУЖНОТО ЦРНО МОРЕ - УЧЕСНИЦИТЕ НА ОДБОЈКАРСКИОТ ТУРНИР ВО ПРЕДНИТЕ ГОДИНИ
ПРОГРАМА И РЕЗУЛТАТИ ВО "ТУРНИР НА ЈУЖНОТО ЦРНО МОРЕ 2017"
БОРОВЕЦ - САМОКОВ КУП 2018
ЦЕНОВНИК И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТУРНИР "БОРОВЕЦ - САМОКОВ КУП 2018"
СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО БОРОВЕЦ И САМОКОВ - ФОТОГРАФИИ
ХОТЕЛ "АРЕНА" ВО САМОКОВ - 3 + *** ЅВЕЗДИ - ФОТОГРАФИИ
ПРОГРАМА И РЕЗУЛТАТИ ВО ТУРНИР „БОРОВЕЦ - САМОКОВ КУП 2017”

БОРОВЕЦ - САМОКОВ КУП 2018

ДРАГИ СПОРТИСТИ !

 

Чест ни е да ве поканиме да учествувате на 2-иот по ред меѓународен турнир по фудбал 

"БОРОВЕЦ - САМОКОВ КУП 2018"

 

Турнирот ќе трае од 04.04.2018 - 09.04.2018 година!

Сите фудбалски клубови, коишто сакаат да учествуваат се ДОБРЕДОЈДЕНИ!

 

ПОБЕДНИЦИТЕ ВО КАТЕГОРИИТЕ 'ДЕЦА РОДЕНИ 2006 ГОДИНА' И 'ДЕЦА РОДЕНИ 2007 ГОДИНА', ЌЕ ДОБИАТ СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА - БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО ВО "ТУРНИР НА ЈУЖНОТО ЦРНО МОРЕ 2018"!!!

 

Турнирот ќе се одржи во Република Бугарија (ЕУ), во БОРОВЕЦ и САМОКОВ, едни од најпопуларните дестинации за одмор на планината Рила. Освен можноста за одмор, во предходните години се изреновирани сите спортски терени и бази и се идеални за спортски активности и натрпевари.

 

За учество во меѓународниот турнир по фудбал  ќе бидат поканети различни селекции на професионални и аматерски клубови, како и спортски училишта од Европа и неколку од Азија! 

 

Главен организатор на турнир "БОРОВЕЦ - САМОКОВ КУП 2018" :

 

ТА „БОХЕМИJA" ДOO

 

Партнери на турнирот:

 

Општина Самоков

  

Целта на нашиот турнир по фудбал е да создадеме можност за меѓународно натпреварување на учесниците и за разменување на искуство помеѓу играчите и тренерите! На турнирот ќе имате можност да се натпреварувате со различни клубови, луѓе и култури, да ги видите природните убавини на планината Рила. Самокови Боровец се доста популарни туристички дестинации и во 2017 година биле посетени од на 1 милион туристи, од над 800 различни држави!

 

За учество на меѓународниот турнир по фудбал "БОРОВЕЦ - САМОКОВ КУП 2018" се поканети клубови од различни генерации: 

 

Деца родени 2005 година - Фудбал 11 на 11

Деца родени 2006 години - Фудбал 9 на 9

Деца родени 2007 и 2008 години - Фудбал 7 на 7

Секој тим игра само против своите врсници!

Другите детали и правила ќе бидат исти како на "ТУРНИР НА ЈУЖНОТО ЦРНО МОРЕ 2018", и можете да ги прочитате во менито горе!

 

 Други генерации можат да се вклучат само со согласност на Организацискиот комитет! 

 

Фудбалските натпревари ќе се одржат на Стадионот на ФК "Рилски Спортист - Самоков" во Самоков. Објектот е реновиран и обновен преку европроекти со помош на Европската Унија и е погоден за повеќе видови на спортски активности! Располага со стандартен терен за фудбал, но и со терени за мал фудбал, фудбал за 9 на 9 и фудбал за 7 на 7. Фудбалските игралишта се со природна трева, додека терените за мал фудбал се со вештачка трева.

 

Победниците ќе бидат наградени со медали и трофеи (за 1-во, 2-ро и 3-то место). Најдобрите поединци ќе бидат наградени со индивидуални награди. Секој клуб ќе добие трофеј за учество во турнирот.

 

На прес конференцијата пред заопчнување на меѓународниот турнир, ќе биде направена ждрепка и ќе биде раздадена програмата за фудбалските натпревари. На истата конференција ќе бидат определени судиите и лекарскиот тим за време на натрпеварите.

 

Учесниците на турнирот и нивната делегација ќе бидат сместени во курортите Самоков и Боровец. Хотелското сместување за сите ќе биде ПОЛН ПАНСИОН. На секој клуб според потребите ќе му биде доделен хотел каде што ќе престојува по време на турнирот. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХОТЕЛИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ СО КЛИКАЊЕ НА МЕНИТО ОД ЛЕВАТА СТРАНА. ТАМУ СЕ ОПИШАНИ ХОТЕЛИТЕ КОИШТО ЌЕ БИДАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТУРНИРОТ. Доколку нема веќе места во горенаведените хотели на делегациите ќе бидат осигурани дополнителни места во други хотели, со исти услови и ѕвездичи. Доброто хотелско сместување е приортитет за организаторите на "БОРОВЕЦ - САМОКОВ КУП 2018"!