ЦЕНОВНИК ЗА УЧЕСТВО ВО ТУРНИРОТ
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ТУРНИРОТ
СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО ОБЗОР И БЈАЛА - ФОТОГРАФИИ
ОБЗОР И БЈАЛА - ФОТОГРАФИИ ОД ОДМАРАЛИШТАТА
ХОТЕЛ ''АРГО'' ВО ОБЗОР - 2* ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''САНТА МАРИJA'' ВО ОБЗОР - 2* ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
АПАРТХОТЕЛ ''АНИКСИ'' ВО ОБЗОР - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''ЗЕЛЕНИОТ РАЈ'' ВО ОБЗОР - 2* ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''АМИГОС'' ВО ОБЗОР - 2* ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''ТЕРАЗИНИ'' ВО БЈАЛА - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
SOUTH BLACK SEA CUP 2021 - ПОБЕДНИЦИ
SOUTH BLACK SEA CUP - ФОТОГРАФИИ
SOUTH BLACK SEA CUP - УЧЕСНИЦИТЕ НА ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР ВО ПРЕДНИТЕ ГОДИНИ
SOUTH BLACK SEA CUP - УЧЕСНИЦИТЕ НА ОДБОЈКАРСКИОТ ТУРНИР ВО ПРЕДНИТЕ ГОДИНИ
ПРОГРАМА И РЕЗУЛТАТИ НА ТУРНИРОТ "SOUTH BLACK SEA CUP 2021"
BOROVETS SAMOKOV CUP 2022
ЦЕНОВНИК И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТУРНИР "BOROVETS SAMOKOV CUP 2022"
СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО БОРОВЕЦ И САМОКОВ - ФОТОГРАФИИ
ХОТЕЛ "АРЕНА" ВО САМОКОВ - 3+* ЅВЕЗДИ - ФОТОГРАФИИ
ПРОГРАМА И РЕЗУЛТАТИ НА ТУРНИРОТ „BOROVETS SAMOKOV CUP 2019”
WWW.FLASHSCORE.COM

BOROVETS SAMOKOV CUP 2022

 

ДРАГИ СПОРТИСТИ !

 

Чест ни е да ве поканиме да учествувате на 5-иот по ред меѓународен турнир по фудбал 

"BOROVETS SAMOKOV CUP 2022"

 

Турнирот ќе трае од 22.06.2022 - 26.06.2022 година!

Сите фудбалски клубови, коишто сакаат да учествуваат се ДОБРЕДОЈДЕНИ!

 

ПОБЕДНИЦИТЕ ВО КАТЕГОРИJA 'ДЕЦА РОДЕНИ 2011 ГОДИНА' ЌЕ ДОБИЈАТ СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА - БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО ВО ТУРНИР "SOUTH BLACK SEA CUP 2021"!!!

 

Турнирот ќе се одржи во Република Бугарија (ЕУ), во БОРОВЕЦ и САМОКОВ, едни од најпопуларните дестинации за одмор на планината Рила. Освен можноста за одмор, во предходните години се изреновирани сите спортски терени и бази и се идеални за спортски активности и натрпевари.

 

За учество во меѓународниот турнир по фудбал ќе бидат поканети различни селекции на професионални и аматерски клубови, како и спортски училишта од Европа и неколку од Азија и Африка! 

 

Партнери во организирането на турнир "BOROVETS SAMOKOV CUP 2022" :

 

ФК "РИЛСКИ СПОРТИСТ-САМОКОВ"

 

ОПШТИНА САМОКОВ

  

Целта на нашиот турнир по фудбал е да создадеме можност за меѓународно натпреварување на учесниците и за разменување на искуство помеѓу играчите и тренерите! На турнирот ќе имате можност да се натпреварувате со различни клубови, луѓе и култури, да ги видите природните убавини на планината Рила. Самоков и Боровец се доста популарни туристички дестинации и во 2021 година со биле посетени од на 1 милион туристи, од над 80 различни држави!

 

За учество на меѓународниот турнир по фудбал "BOROVETS SAMOKOV CUP 2022" се поканети клубови од различни генерации: 

 

Деца родени 2010 година - Фудбал 11 на 11

Деца родени 2011 година - Фудбал 9 на 9

Деца родени 2012 и 2013 години - Фудбал 7 на 7

Секој тим игра само против своите врсници!

Другите детали и правила ќе бидат исти како на турнир "SOUTH BLACK SEA CUP 2022", и можете да ги прочитате во менито горе!

 

 Други генерации можат да се вклучат само со согласност на Организацискиот комитет! 

 

Фудбалските натпревари ќе се одржат на Стадионот на ФК "Рилски Спортист - Самоков" во Самоков. Објектот е реновиран и обновен преку европроекти со помош на Европската Унија и е погоден за повеќе видови на спортски активности! Располага со стандартен терен за фудбал, но и со терени за мал фудбал, фудбал за 9 на 9 и фудбал за 7 на 7. Фудбалските игралишта се со природна трева.

 

Победниците ќе бидат наградени со медали и трофеи (за 1-во, 2-ро и 3-то место). Најдобрите поединци ќе бидат наградени со индивидуални награди. Секој клуб ќе добие трофеј за учество во турнирот.

 

На Прес Конференцијата пред заопчнување на меѓународниот турнир, ќе биде направена ждрепка и ќе биде раздадена програмата за фудбалските натпревари. На истата конференција ќе бидат определени судиите и лекарскиот тим за време на натрпеварите.

 

Учесниците на турнирот и нивната делегација ќе бидат сместени во курортите Самоков и Боровец. Хотелското сместување за сите ќе биде ПОЛН ПАНСИОН. На секој клуб според потребите ќе му биде доделен хотел каде што ќе престојува по време на турнирот. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХОТЕЛИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ СО КЛИКАЊЕ НА МЕНИТО ОД ЛЕВАТА СТРАНА. ТАМУ СЕ ОПИШАНИ ХОТЕЛИТЕ КОИШТО ЌЕ БИДАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТУРНИРОТ. Доколку нема веќе места во горенаведените хотели на делегациите ќе бидат осигурани дополнителни места во други хотели, со исти услови и ѕвездичи. Доброто хотелско сместување е приортитет за организаторите на "BOROVETS SAMOKOV CUP 2022"!