ЦЕНОВНИК ЗА УЧЕСТВО ВО ТУРНИРОТ
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ТУРНИРОТ
СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО ОБЗОР И БЈАЛА - ФОТОГРАФИИ
ОБЗОР И БЈАЛА - ФОТОГРАФИИ ОД ОДМАРАЛИШТАТА
ХОТЕЛ ''АРГО'' ВО ОБЗОР - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''ЈАСМИН'' ВО БЈАЛА - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
АПАРТХОТЕЛ ''АНИКСИ'' ВО ОБЗОР - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''ЗЕЛЕНИОТ РАЈ'' ВО ОБЗОР - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''АМИГОС'' ВО ОБЗОР - 2** ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
SOUTH BLACK SEA CUP 2017 - ПОБЕДНИЦИ
SOUTH BLACK SEA CUP - ФОТОГРАФИИ
SOUTH BLACK SEA CUP - УЧЕСНИЦИТЕ НА ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР ВО ПРЕДНИТЕ ГОДИНИ
SOUTH BLACK SEA CUP - УЧЕСНИЦИТЕ НА ОДБОЈКАРСКИОТ ТУРНИР ВО ПРЕДНИТЕ ГОДИНИ
ПРОГРАМА И РЕЗУЛТАТИ ВО ТУРНИР "SOUTH BLACK SEA CUP 2017"
BOROVETS SAMOKOV CUP 2018
ЦЕНОВНИК И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТУРНИР "BOROVETS SAMOKOV CUP 2018"
СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО БОРОВЕЦ И САМОКОВ - ФОТОГРАФИИ
ХОТЕЛ "АРЕНА" ВО САМОКОВ - 3+* ЅВЕЗДИ - ФОТОГРАФИИ
ПРОГРАМА И РЕЗУЛТАТИ ВО ТУРНИР „BOROVETS SAMOKOV CUP 2018”

ДРАГИ СПОРТИСТИ !

 

Чест ни е да ве поканиме да учествувате на 10-иот по ред меѓународен турнир по фудбал и одбојка 

"SOUTH BLACK SEA CUP 2018"

 

Турнирот ќе трае од 19.08.2018 - 31.08.2018 година и ќе биде разделен на 2 дела:

 

Првиот дел ќе биде за генерација 2006, 2007, 2008, 2009 и ќе трае од 19.08.2018 - 25.08.2018 година!

 

Вториот дел ќе биде за сите други генерации и ќе трае од 25.08.2018 - 31.08.2018 година!

 

Сите фудбалски и одбојкарски клубови, коишто сакаат да учествуваат се ДОБРЕДОЈДЕНИ!

 

ПОБЕДНИЦИТЕ ВО КАТЕГОРИИTE 'ДЕЦА РОДЕНИ 2008 ГОДИНА' И 'ДЕЦА РОДЕНИ 2009 ГОДИНА', ЌЕ ДОБИJАТ СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ - БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР 

"BOROVETS SAMOKOV CUP 2019"!!! 

 

ГОСТИ НА ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР И УЧЕСНИЦИ ВО КАТЕГОРИИТЕ 'ДЕЦА РОДЕНИ 2006 ГОДИНА' И 'ДЕЦА РОДЕНИ 2007 ГОДИНА'ЌЕ БИДАТ ПОБЕДНИЦИТЕ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР "BOROVETS SAMOKOV CUP 2018" - ФК "МЕТАЛ" ПЕРНИК (БУГАРИJA)!

 

ГОСТИ НА ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР И УЧЕСНИЦИ ВО КАТЕГОРИJA 'ДЕЦА РОДЕНИ 2008 ГОДИНА'ЌЕ БИДАТ ТИМОВИТЕ НА ПФК "ЦСКА" СОФИJА (БУГАРИJA) И ФК "ДИНАМО" МИНСК (БЕЛОРУСИJА)!

 

За да биде на по високо ниво турнирот ќе има лицензирани судии од Германија, коишто се дел од Гермаскиот Фудбалски Сојуз (DFB)!

 

Турнирот ќе се одржи во Република Бугарија (ЕУ), во Обзор и Бјала, едни од најпопуларните дестинации на Црноморското крајбрежје. Освен можноста за одмор, во предходните години се изреновирани сите спортски терени и бази и се идеални за спортски активности и натпревари.

 

За учество во меѓународниот турнир по фудбал и одбојка ќе бидат поканети различни селекции на професионални и аматерски клубови, како и спортски училишта од Европа и неколку од Азија! Во предходната 2017 година учествуваа 56 клуба од Европа и Азиjа!

 

Главен организатор на турнир "SOUTH BLACK SEA CUP 2018":

 

ТА „БОХЕМИJA" ДOO

 

Партнери на турнирот:

 

Општина Обзор;

 

Општина Бјала;

 

 Организационен комитет на меѓународниот турнир по фудбал "BOROVETS SAMOKOV CUP 2018", наш партнерски турнир и за него можете да добиете информација на менито од лево!

 

Целта на нашиот турнир по фудбал и одбојка е да создадеме можност за меѓународно натпреварување на учесниците и за разменување на искуство помеѓу играчите и тренерите! На турнирот ќе имате можност да се натпреварувате со различни клубови, луѓе и култури, да ги видите природните убавини на црноморското крајбрежје и убавите плажи на двете туристички дестинации. Обзор и Бјала се доста популарни туристички дестинации и во 2017 година биле посетени од на 500 000 туристи, од над 50 различни држави!

 

За учество на 10-от меѓународен турнир по фудбал и одбојка "SOUTH BLACK SEA CUP 2018" се поканети клубови од различни генерации и тоа: 

  

Фудбалски турнир (Петлиња, Пионери) - генерација 2006, 2007, 2008, 2009. Секоја генерација се натпреварува со играчи од истата година на раѓање! Ќе трае од 19.08.2018 - 25.08.2018 година!

 

Фудбалски турнир (Пионери, Кадети, Младинци) - генерација 2002, 2003, 2004, 2005. Секоја генерација се натпреварува со играчи од истата година на раѓање! Ќе трае од 25.08.2018 - 31.08.2018 година!

 

Фудбалски турнир (Девојки) - генерација  2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005. Секоја генерација се натпреварува со играчи од истата година на раѓање! Ќе трае од 25.08.2018 - 31.08.2018 година!

 

Турнир по Мал Фудбал (5+1 - Мажи)Ќе трае од 25.08.2018 - 31.08.2018 година!

 

Фудбалски турнир (Мажи). Ќе трае од 25.08.2018 - 31.08.2018 година!

 

Турнир по одбојка (Петлиња, Пионери, Кадети, Младинци) - генерација 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006. Секоја генерација се натпреварува со играчи од истата година на раѓање. Ќе трае од 25.08.2018 - 31.08.2018 година!

 

Турнир по одбојка (Девојки) - генерација 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006. Секоја генерација се натпреварува со играчи од истата година на раѓање. Ќе трае од 25.08.2018 - 31.08.2018 година!

 

Други генерации можат да се вклучат само со согласност на Организацискиот комитет! 

 

 

Фудбалските и одбојкарските натпревари ќе се одржат на игралиштата на Градскиот Стадион во Обзор и Градскиот Стадион во Бјала. Објектите се реновирани и обновени преку европроекти со помош на Европската Унија и се погодни за повеќе видови на спортски активности! Располагаат со стандартни терени за фудбал и одбојка, но и со терени за мал фудбал, фудбал за 9 на 9 и фудбал за 7 на 7. Фудбалските големи игралишта се со природна трева, додека терените за мал фудбал се со вештачка трева.

 

Победниците ќе бидат наградени со медали и трофеи (за 1-во, 2-ро и 3-то место). Најдобрите поединци ќе бидат наградени со индивидуални награди. Секој клуб ќе добие трофеј за учество во турнирот.

 

На прес конференцијата пред започнување на меѓународниот турнир, ќе биде направена ждрепка и ќе биде раздадена програмата за фудбалските и одбојкарските натпревари. На истата конференција ќе бидат определени судиите и лекарскиот тим за време на натпреварите.

 

Учесниците на турнирот и нивната делегација ќе бидат сместени во одмаралиштата Обзор и Бјала. Хотелското сместување за сите ќе биде ПОЛН ПАНСИОН. На секој клуб според потребите ќе му биде доделен хотел каде што ќе престојува по време на турнирот. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХОТЕЛИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ СО КЛИКАЊЕ НА МЕНИТО ОД ЛЕВАТА СТРАНА. ТАМУ СЕ ОПИШАНИ ХОТЕЛИТЕ КОИШТО ЌЕ БИДАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТУРНИРОТ. Доколку нема веќе места во горенаведените хотели на делегациите ќе бидат осигурани дополнителни места во други хотели со исти услови и ѕвездичи. Доброто хотелско сместување е приортитет за организаторите на "SOUTH BLACK SEA CUP 2018"!