ЦЕНОВНИК ЗА УЧЕСТВО ВО ТУРНИРОТ
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ТУРНИРОТ
СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО ОБЗОР И БЈАЛА - ФОТОГРАФИИ
ОБЗОР И БЈАЛА - ФОТОГРАФИИ ОД ОДМАРАЛИШТАТА
ХОТЕЛ ''АРГО'' ВО ОБЗОР - 2* ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''САНТА МАРИJA'' ВО ОБЗОР - 2* ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''ФРЕJА ЕС'' ВО ОБЗОР - 2* ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''ЗЕЛЕНИОТ РАЈ'' ВО ОБЗОР - 2+* ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''АМИГОС'' ВО ОБЗОР - 2* ЅВЕЗДИ - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
ХОТЕЛ ''ТЕРАЗИНИ'' ВО БЈАЛА - ИНФОРМАЦИИ И ФОТОГРАФИИ ЗА ХОТЕЛОТ
SOUTH BLACK SEA CUP 2022 - ПОБЕДНИЦИ
SOUTH BLACK SEA CUP - ФОТОГРАФИИ
SOUTH BLACK SEA CUP - УЧЕСНИЦИТЕ НА ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР ВО ПРЕДНИТЕ ГОДИНИ
SOUTH BLACK SEA CUP - УЧЕСНИЦИТЕ НА ОДБОЈКАРСКИОТ ТУРНИР ВО ПРЕДНИТЕ ГОДИНИ
ПРОГРАМА И РЕЗУЛТАТИ НА ТУРНИРОТ "SOUTH BLACK SEA CUP 2021"
BOROVETS SAMOKOV CUP 2022
ЦЕНОВНИК И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТУРНИР "BOROVETS SAMOKOV CUP 2022"
СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО БОРОВЕЦ И САМОКОВ - ФОТОГРАФИИ
ХОТЕЛ "АРЕНА" ВО САМОКОВ - 3+* ЅВЕЗДИ - ФОТОГРАФИИ
ПРОГРАМА И РЕЗУЛТАТИ НА ТУРНИРОТ „BOROVETS SAMOKOV CUP 2019”
WWW.FLASHSCORE.COM

ДРАГИ СПОРТИСТИ!

 

Чест ни е да ве поканиме да учествувате на 14-иот по ред меѓународен турнир по фудбал и одбојка 

"SOUTH BLACK SEA CUP 2022"

 

Турнирот ќе трае од 21.08.2022 - 27.08.2022 година!

 

Сите фудбалски и одбојкарски клубови, коишто сакаат да учествуваат се ДОБРЕДОЈДЕНИ!

 

ПОБЕДНИЦИТЕ ВО КАТЕГОРИJA 'ДЕЦА РОДЕНИ 2011 ГОДИНА', ЌЕ ДОБИJАТ СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА - БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР 

"ISTANBUL INTERNATIONAL CUP 2022"!!! 

 

За да биде на по високо ниво турнирот ќе има лицензирани судии од Германија, коишто се дел од Гермаскиот Фудбалски Сојуз (DFB)!

 

Турнирот ќе се одржи во Република Бугарија (ЕУ), во Обзор - една од најпопуларните дестинации на Црноморското крајбрежје. Освен можноста за одмор, во предходните години се изреновирани сите спортски терени и бази и се идеални за спортски активности и натпревари.

 

За учество во меѓународниот турнир по фудбал и одбојка ќе бидат поканети различни селекции на професионални и аматерски клубови, како и спортски училишта од Европа и неколку од Азија! Во 2021 година учествуваа 53 клуба од Европа и Азиjа!

 

Главен организатор на турнир "SOUTH BLACK SEA CUP 2022":

 

"PROFI TOURS" LTD

 

Партнери на турнирот:

 

Општина Обзор;

 

 Организационен комитет на меѓународниот турнир по фудбал "BOROVETS SAMOKOV CUP 

2022", наш партнерски турнир и за него можете да добиете информација на менито од лево!

 

Целта на нашиот турнир по фудбал и одбојка е да создадеме можност за меѓународно натпреварување на учесниците и за разменување на искуство помеѓу играчите и тренерите! На турнирот ќе имате можност да се натпреварувате со различни клубови, луѓе и култури, да ги видите природните убавини на црноморското крајбрежје и убавите плажи на туристичката дестинациjа. Обзор е доста популарна туристичка дестинациjа и во 2021 година биле посетен од над 500 000 туристи, од над 50 различни држави!

 

За учество на 14-от меѓународен турнир по фудбал и одбојка "SOUTH BLACK SEA CUP 2022" се поканети клубови од различни генерации и тоа: 

  

Фудбалски турнир (Петлиња и Пионери) - генерација 2008-2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014. Секоја генерација се натпреварува со играчи од истата година на раѓање! 

 

Фудбалски турнир (Девојки) - генерација 2007, 2008, 2009. Секоја генерација се натпреварува со играчи од истата година на раѓање! !

 

Турнир по Мал Фудбал (5+1 - Мажи).

 

Турнир по одбојка (Петлиња, Пионери, Кадети, Младинци) - генерација 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009. Секоја генерација се натпреварува со играчи од истата година на раѓање.

 

Турнир по одбојка (Девојки) генерација 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009. Секоја генерација се натпреварува со играчи од истата година на раѓање!  

 

Други генерации можат да се вклучат само со согласност на Организацискиот комитет! 

 

Фудбалските и одбојкарските натпревари ќе се одржат на игралиштата на Градскиот Стадион во Обзор и Градскиот Стадион во Бјала. Објектите се реновирани и обновени преку европроекти со помош на Европската Унија и се погодни за повеќе видови на спортски активности! Располагаат со стандартни терени за фудбал и одбојка, но и со терени за мал фудбал, фудбал за 9 на 9, фудбал за 7 на 7 и фудбал 5 на 5. Фудбалските големи игралишта се со природна трева, додека терените за мал фудбал и за фудбал 5 на 5 се со вештачка трева. 

 

Победниците ќе бидат наградени со медали и трофеи (за 1-во, 2-ро и 3-то место). Најдобрите поединци ќе бидат наградени со индивидуални награди. Секој клуб ќе добие трофеј за учество во турнирот.

 

На Прес Конференцијата пред започнување на меѓународниот турнир, ќе биде направена ждрепка и ќе биде раздадена програмата за фудбалските и одбојкарските натпревари. На истата конференција ќе бидат определени судиите и лекарскиот тим за време на натпреварите.

 

Учесниците на турнирот и нивната делегација ќе бидат сместени во одмаралиштата Обзор и Бјала. Хотелското сместување за сите ќе биде ПОЛН ПАНСИОН. На секој клуб според потребите ќе му биде доделен хотел каде што ќе престојува по време на турнирот. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХОТЕЛИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ СО КЛИКАЊЕ НА МЕНИТО ОД ЛЕВАТА СТРАНА. ТАМУ СЕ ОПИШАНИ ХОТЕЛИТЕ КОИШТО ЌЕ БИДАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТУРНИРОТ. Доколку нема веќе места во горенаведените хотели на делегациите ќе бидат осигурани дополнителни места во други хотели со исти услови и ѕвездичи. Доброто хотелско сместување е приортитет за организаторите на "SOUTH BLACK SEA CUP 2022"!