Правила за ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР
1. Фудбалските натпревари од турнирот ќе се играат на стандартно игралиште со размери според правилата на ФИФА. Генерациите 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 ќе играат на помали игралишта, додека турнирите по мал фудбал ќе се играат на стандартните за мини фудбал игралишта.
2. Фудбалските натпревари ќе се играат според стандартните правила на ФИФА.
3. Секој од учесниците на турнирот ќе бидат распределени во групи според возраста, каде што секоја екипа ќе игра против секоја во дадената група.
4. Ако екипите од некоја од генерациите се многу, тие ќе бидат распределени во повеќе од една група. После изиграните натпревари во групите, ќе се игра по систем на елиминација.
5. За победа се добиваат 3 бода, додека за нерешено се добива по 1 бод за двете екипи. Ако екипите од некоја од генерациите се многу, тие ќе бидат распределени во повеќе од една група. После изиграните натпревари во групите, ќе се игра по систем на елиминација.
6. Конечниот пласман во групите ќе зависи од:
- Бројот на освоени бодови
Доколку некоја екипа има ист број бодови ќе се земат во предвид следните критериуми:
- Резултат од директниот дуел меѓу тимовите со ист број на бодови
- Гол разлика
- Број на дадени голови
7. При нерешен резултат во регуларното време на натпеварот на директните елиминации, ќе се изведат по 5 удари (пенали) или ако има потреба повеќе, се додека не се добие победникот.
8. Дозволено е да се направат неограничен броj смени. Од кога ќе се смени играчот, има право повторно да влезе во игра.
9. Натпреварувач, којшто добил црвен картон излегува од игра и нема право да се врати на истиот натпревар, но има право да игра на следниот натпревар.
10. Времетраење на фудбалските натрпевари:
- Две полувремиња по 25 минути - на генерација 2010-2011, 2012, 2013 и 2014
- Три полувремиња по 15 минути - на генерација 2015 и 2016
- Две полувремиња по 20 минути - на генерација 2017
- Две полувремиња по 20 минути - на турнирот по мал фудбал
- Две полувремиња по 25 минути - на турнирот за девојки
11. Број на играчите во соодветните генерации:
- За генерација 2017 по 5 играчи (4+1)
- За генерација 2015 и 2016 по 7 играчи (6+1)
- За генерација 2013 и 2014 по 9 играчи (8+1)
- За генерација 2010-2011 и 2012 по 11 играчи (10+1)
- За турнирот по мал фудбал по 6 играчи (5+1)
12. Програмата на турнирот ќе биде направена и соопштена от Организираторите на Прес Конференцијата, на денот на пристигнување на екипите.
Програмата за фудбалскиот турнир ќе биде направана така да секој од тимовите да изигра помеѓу 4 и 6 натпревари за време на турнирот! Организираторите имаат право да променат некои правила од фудбалскиот турнир, но само доколку изникне некоја дополнителна ситуација.
Правила за ТУРНИРОТ ПО ОДБОЈКА
1. Натпреварите по одбојка ќе се играат на стандарден терен, со размери според правилата на FIVB.
2. Натпреварите по одбојка ќе се играат според правилата на FIVB.
3. Тимовите коишто учествувааат во турнирот ќе бидат распределени во гупии според возраста и ќе играат по системот “секој против секој”.
4. Ако екипите од некоја од генерациите се многу, тие ќе бидат распределени во повеќе од една група. После изиграните натпревари во групите, ќе се игра по систем на елиминација.
5. Во случај ако резултатот од натпреварот е 3:0 или 3:1, победникот добива 3 бодови, а поразениот 0 бодови. Доколку резултатот е 3:2, побеникот добива 2 бодови, поразениот 1 бод.
6. За конечен пласман во групите ќе се земат во предвид следните индикатори во следниот редослед:
7. Доколку натпреварот е со нерешен резултат до последне гем, ке се игра тајбрејк до 15 поена.
Минималниот број на гемови за победа ќе биде одреден по возрасните групи:
Програмата за одбојкарскиот турнир ќе биде направана така да секој од тимовите да изигра помеѓу 3 и 5 натпревари за време на турнирот! Организираторите имаат право да променат некои правила од одбоjкарскиот турнир, но само доколку изникне некоја дополнителна ситуација.