ДРАГИ СПОРТИСТИ !
Чест ни е да ве поканиме да учествувате на 3-иот по ред меѓународен турнир по фудбал
"OBZOR SOUTH SEA CUP 2025"
Турнирот ќе трае од 29.06.2025 - 05.07.2025 година!
Сите фудбалски клубови, коишто сакаат да учествуваат се ДОБРЕДОЈДЕНИ!
Турнирот ќе се одржи во Република Бугарија (ЕУ), во Обзор - една од најпопуларните дестинации на Црноморското крајбрежје. Освен можноста за одмор, во предходните години се изреновирани сите спортски терени и бази и се идеални за спортски активности и натпревари.
За учество во меѓународниот турнир по фудбал ќе бидат поканети различни селекции на професионални и аматерски клубови, како и спортски училишта од Европа и неколку од Азија и Африка!
Партнери во организирането на турнир "OBZOR SOUTH SEA CUP 2025" :
"BOHEMIA" LTD.
ОПШТИНА ОБЗОР
Целта на нашиот турнир по фудбал е да создадеме можност за меѓународно натпреварување на учесниците и за разменување на искуство помеѓу играчите и тренерите! На турнирот ќе имате можност да се натпреварувате со различни клубови, луѓе и култури, да ги видите природните убавини на планината Рила. Обзор е доста популарна туристичка дестинациjа и во 2023 година е бил посетени од на 1 милион туристи, од над 80 различни држави!
За учество на меѓународниот турнир по фудбал "OBZOR SOUTH SEA CUP 2025" се поканети клубови од различни генерации:
Деца родени 2009 и 2010 години - Фудбал 11 на 11
Секој тим игра само против своите врсници!
Другите детали и правила ќе бидат исти како на турнир "SOUTH BLACK SEA CUP 2025", и можете да ги прочитате во менито горе!
Други генерации можат да се вклучат само со согласност на Организацискиот комитет!
Фудбалските натпревари ќе се одржат на игралиштата на Градскиот Стадион во Обзор. Објектите се реновирани и обновени преку европроекти со помош на Европската Унија и се погодни за повеќе видови на спортски активности! Располагаат со стандартни терени за фудбал и мал фудбал, фудбал за 9 на 9, фудбал за 7 на 7 и фудбал за 5 на 5. Фудбалските големи игралишта се со природна трева, додека терените за мал фудбал и за фудбал 5 на 5 се со вештачка трева.
Победниците ќе бидат наградени со медали и трофеи (за 1-во, 2-ро и 3-то место). Најдобрите поединци ќе бидат наградени со индивидуални награди. Секој клуб ќе добие трофеј за учество во турнирот.
На Прес Конференцијата пред започнување на меѓународниот турнир, ќе биде направена ждрепка и ќе биде раздадена програмата за фудбалските и одбојкарските натпревари. На истата конференција ќе бидат определени судиите и лекарскиот тим за време на натпреварите.
Учесниците на турнирот и нивната делегација ќе бидат сместени во одмаралиштата Обзор. Хотелското сместување за сите ќе биде ПОЛН ПАНСИОН. На секој клуб според потребите ќе му биде доделен хотел каде што ќе престојува по време на турнирот. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХОТЕЛИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ СО КЛИКАЊЕ НА МЕНИТО ОД ЛЕВАТА СТРАНА. ТАМУ СЕ ОПИШАНИ ХОТЕЛИТЕ КОИШТО ЌЕ БИДАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТУРНИРОТ. Доколку нема веќе места во горенаведените хотели на делегациите ќе бидат осигурани дополнителни места во други хотели со исти услови и ѕвездичи. Доброто хотелско сместување е приортитет за организаторите на "OBZOR SOUTH SEA CUP 2025"!